Шпанската крајбрежна стража во повеќе операции спаси вкупно 569 мигранти од Северна Африка кои со бродови преку Средоземено Море се обиделе да стигнат до брегот на Шпанија.
Шпанските власти денеска спасиле 264 луѓе кои се превезувале со 16 бродови во Гибралтарскиот Проток.
Пред една недела Шпанија го презеде бродот „Аквариус“ со 630 мигранти откако Малта и Италија одбија да ги отворат своите пристаништа.
Шпанија е трета земја во Европска унија, по Италија и Грција, во која доаѓаат најголем број мигранти преку Средоземно Море.
Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои не сакаат да примат мигранти.