Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Тарагона, откако со максимални 3:0 беше совладана од домаќинот Шпанија.
Шпанските одбојкари првите два сета ги освоија со убедливи 25:16 и 25:14, додека Македонија во третиот сет се обиде да пружи отпор и го загуби со 25:22.
Претходно, македонските одбојкари беа поразени од Египет на стартот од Игрите.
Со двата порази Македонија е третопласирана и остана на последното место во групата Ц. На табелата Шпанците водат со три бода, а Египет е второпласиран со два.
Македонските одбојкари ги завршија настапите на Медитеранските игри, бидејќи првите две репрезентации од четирите групи продолжуваат во четвртфинале