Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека била избркана од ресторан под изговор дека работи за претседателот Доналд Трамп.

- Сопственичката на ресторанот „Ред хен“ во Лексингтон, Вирџинија, ме замоли да си одам од локалот, бидејќи работам за Претседателот на САД. Јас учтиво си заминав, напиша Сандерс на социјалните мрежи.

Портпаролката на Белата куќа нагласи дека овие постапки „многу повеќе зборуваат за неа отколку за мене“.

- Се трудам секогаш да се однесувам со почит кон луѓето, вклучително и оние со кои не се согласувам и ќе продолжам да го правам тоа, наведе Сандерс.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 15:47