Британскиот музичар Стинг во Атина ги нарече светските лидери „кукавици и полулуѓе“ заради неспособноста да се справат со бегалската криза, но упати и пофалби за улогата на Грција.

- Грција покажа каков однос треба да се има кон бегалците, кога другите поставуваат ѕидови. Кога децата се одвојувани од мајките и ставани во кафези, вие постапивте сочувствително, великодушно и здраворазумски, истакна Стинг.

Стинг, чие вистинско име е Гордон Самнер, во грчката престолнина изјави дека „таканаречените лидери се кукавици без решение“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 15:59