Високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер изјави дека е подготвен да соработува со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Подготвен сум да соработувам со претседателот Абас, ако тој сака“, е насловот на интервјуто на Кушнер за палестинскиот весник „Ал Кудс“.

Кушнер во интервјуто објавено на арапски јазик упати директна порака до Палестинците.

- Заслужувате да имате светла иднина, сега е време и Израелците и Палестинците да го зајакнат своето раководство и повторно да се фокусираат кон изнаоѓање на решение, а не да се плашат од обиди, истакна Кушнер кој е сопруг на ќерката на Трамп, Иванка.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:01