Безбедносни сили во Рака воведоа на дводневен полициски час поради закани од напади од страна нја Исламска држава.

Припадниците на ИД во октомври минатата година беа протерани од нивното упориште во Рака и сириските сили и арапско-курдскиот сојуз, кој е поддржан од САД, тогаш формираа полициски единици за одржување на безбедноста.

Тие единици денеска соопштија дека имаат информации дека терористички групи поврзани со ИД влегле во Рака и планираат напади. Поради тоа е прогласена вонредна состојба и полицискиот час ќе биде во сила до вторник.

Во петокот ИД го изведе првиот напад откако ја изгуби контролата врз Рака, тврдејќи дека е одговорна за експлозијата на бомба во североисточнит дел од градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:30