Македонскиот каратист Берат Јакупи освои златен медал на Медитеранските игри во Тарагона.

Јакупи во финалето со 3:2 го совлада францускиот каратист Жеси да Коста.

Вториот македонски репрезентативец Жарко Арсовски денеска во борба против италијанскиот каратист Симоне Марино успеа да го освои бронзениот медал.

Бронзен медал на Игрите вчера освои и македонскиот каратист Ненад Келебиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:37