11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога долгот се зголеми тројно, а парите од скапите задолжувања се трошеа за задоволување на криминални интереси, ја руинираше македонската економија, а државата и граѓаните ги остави во долгови.
Залудни се лажните наводи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, сите економски параметри јасно покажуваат дека економијата се стабилизира и тргнува во добар правец. Рекордниот износ од 235 милиони евра на странски инвестиции во првиот квартал од 2018, растот на просечната плата, зголемениот извоз, намалената невработеност, се само дел од економските показатели што ги демантираат лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успесите во економијата и надворешната политика и затоа секојдневно се обидува да ја лаже јавноста. Постигнатиот договор со Грција освен што го зачувува нашиот идентитет, ги отвора и евроинтегративните перспективи и носи членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Тоа ќе овозможи пристап до нови фондови, повеќе инвестиции и нови работни места, што позитивно ќе влијае врз севкупниот економски раст.