Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна на ново рекордно ниско ниво, при што, според анкетата на Ифоп, само 40 проценти од Французите ја поддржуваат неговата работа.

Се смета дека причината за падот на популарноста е во новообјавените податоци за расходите во неговите претседателски резиденции, како, неговите критики на сметка на примателите на социјална помош и предлогот за кратење на данокот на најбогатите Французи. Макрон беше критикуван откако се утврди дека порачал нови сервиси за јадење во Елисејската палата, како и нов базен во претседателската резиденција на Средоземното Море. Претседателот делуваше надмено и при неодамнешна средба со младо момче, кога избувна затоа што момчето го нарече „Ману“, а не „претседателе“.

Падот на неговата популарност е особено изразен кај Французите кои се над 65 годишна возраст, група која најсилно го поддржуваше Макрон при минатогодишните избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2018 16:40