Во организација на универзитетот „Александар Џувани“ во албанскиот град Елбасан, оржана е првата меѓународна конференција на тема „Балканско египќанско малцинство и етнонокултурните заедници во Албанија“. Покрај голем број научни работници од регионот, на Конференцијата од Македонија учествуваше проф. д-р Рубин Земон.
- За поздравување е што се започна со истражувања и научни конференции на универзитетско ниво за Египќаните и другите заедници во Албанија. Исто така, позитивен чекор е што албанските власти првпат признаа постоење на Египќаните, како национално малцинство во оваа земја, со Законот за заштита на малцинствата усвоен од Парламентот во октомври минатата година. До тогаш воопшто и не се признаваа, ни како јазична група, изјави професор Земон за МИА.
За неговата колешка Теута Тоска од Филолошкиот факултет во Елбасан, одржувањето на овој собир има не само научна, туку и морална, етичка и човечка цел.
- Не познавањето на јазикот и културата на оваа заедница не е само албанска реалност, туку себалканска. Конфренцијата е прв чекор, во низата последователни околу научните истражувања, посочи Тоска.
Од многуте говорници заедничка е оценката дека ваквите средби се многу значајни и за самата етничка заедница, поздрваувајќи го фактот што и Египќаните сега со закон се признаваат како малцинство во Албанија, со сите права што овој статус им го носи.
Се претпоставува дека на Балканот живеат повеќе од еден милион Египќани. Во Албанија 300 илјади Египќани, во Косово се зборува за околу 100 илјади, во Македонија 25 илјади, во Грција според некои истражувања на патеписци од 18 и 19 век, околу 500 илјади, а голем број има и во другите балкански земји.