Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Вчера беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Вчера се виде во право светло недемократското лице на власта и Зоран Заев, она реалното, неразубавено од милион шарени лаги и лажни очекувања.
И по повеќе од 16 часа имаме целосен молк од институциите.
Нашите индиции говорат дека зад ова седи власта, а сценариото се спроведува од нивните инсталации.
Во повеќе наврати се сака ВМРО-ДПМНЕ да се втурне во насилно сценарио позади кои седи интересот на власта да предизвика инциденти како за тоа би можела да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и да ја компромитира во противењето на договорот на Заев за промена на името на Република Македонија.
Имено според наши непотврдени информации на вчерашниот инцидент му претходела една средба пред неколку дена во едно познато скопско кафуле на која присуствувал еден градоначалник од редовите на СДСМ, еден многу близок вработен во кабинетот на друг градоначалник и неколкумина лица со дебело полициско досие.
Според нашите неофицијални информации тие лица биле убедувани да се инфилтрираат на протестите за името и да предизвикуваат насилство за кое подоцна ќе се обвини ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикаже за неконструктивна, насилна и да се деградира нашата борба против штетниот договор кој што го потпиша Зоран Заев во Преспа.
За само 48 часа од оваа средба беше нападнат штабот на ВМРО-ДПМНЕ во стилот и со методи на шарената револуција на СДСМ.
Зад се тоа ова стои поголемо сценарио диригирано директно од Зоран Заев.
Почитувани,
Стануваме држава која насилство се спроведува од власта и власта се пресметува со опозицијата.
Ова е за секаква осуда, но и ваквото насилство покажува дека власта и Зоран Заев се во паника затоа што знаат дека економскиот и политички пустош што го прави владата, народот не го одобрува.
Заев е спремен и подготвен со сила и туѓи и невини жртви да ја брани власта и своите капитулантски одлуки.
Договорот на Зоран Заев со Грција народот не го одобрува, и ВМРО-ДПМНЕ се бори против овој договор со сите демократски средства и методи кои се на располагање.
Народот не може да биде изманипулиран и народот се повеќе станува свесен за ситуацијата. Ова, почитувани се очајни потези на човек кој очајно сака да си ја зачува власта која што му бега од раце. Зоран Заев мора да падне за да Македонија и народот да победи.