ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со пласирање на лажни вести, измислици и полувистини преку коишто продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните.

Постигнатиот Договор со Грција е патриоски чин којшто го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет и ги отвора вратите за членство во НАТО и ЕУ.

Иако Договорот е јавно достапен за сите, ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжи со невистините.

Во однос на топонимите, членот 8 став 4 од Договорот обезбедува чисто и соодветно решение согласно меѓународните стандарди. Притоа им се дава приоритет на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи и за двете страни. Приоритет не значи забрана.

Ист е случајот и со формирањето на Заедничкиот комитет кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа, а неговото делување исто така ќе важи за двете страни подеднакво.

Договорот го гарантира македонскиот идентиет, македонската посебност, македонскиот јазик.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да престане со лажните вести преку кои работи против интересите на граѓаните и интересите на држава.

Време е ВМРО-ДПМНЕ конечно да покаже одговорност, да се одважи и во интерес на граѓаните да каже ДА за договорот којшто го зајакнува македонскиот идентитет, да каже ДА за македонската иднина.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 02:58