Босанската Влада за утре закажа седница на која ќе се разгледа состојбата со зголемениот број на мигранти кои влегуваат во земјата, јави агенцијата ФЕНА.

Седницата доаѓа во време кога и европските држави заседаваат за прашањето на мигрантите, кои бараат нови начини за влез во Европа, по затворањето на либиско-италијанската рута преку Средоземно Море. Една од опциите е разработување на линијата од Грција до Албанија, и оттаму движење долж Балканот, или преку бродови до Италија.

Во текот на годинава во Босна влегле околу 4.000 бегалци и мигранти, што е неколку пати повеќе во споредба со целата 2017 година. Обидот дел од овие мигранти привремено да се сместат во делови на Босна населени главно со етнички Хрвати предизвика политички тензии во земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 03:06