Двете Кореи водат преговори за повлекување на артилериското оружје на Северот од заедничката граница, изјави денеска јужнокорејскиот премиер Ли Нак-јеон.

Северна Кореја има распоредено околу 1.000 артилериски рампи кои се закана за јужнокорејскиот главен град Сеул. Изјавата на јужнокорејскиот премиер е прва официјална потврда од Сеул на медиумски соопштенија дека Јужна Кореја побарала од Северот да дислоцира артилериско оружје за време на преговорите меѓу воени претставници на двете држави овој месец.

Јужнокорејското Министерство за одбрана ги негираше тие соопштенија како и тврдењата дека Пјонгјанг исто така побарал од Сеул да го повлече своето артилериско оружје од границата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 10:50