Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија пресретнала две балистички ракети што врз Ријад од Јемен ги испукале бунтовниците Хути, објави саудиската државна телевизиска станица Ал Ихбарија.

Тоа е шести напад врз Ријад од декември минатата година.

Телевизијата Ал Масира што е под контрола на Хутите објави дека ракетите биле испукани со цел да го погодат МО на Саудиска Арабија и други цели во Ријад.

– Ракетите Буркан погодија цели во Ријад со голема прецизност, јави телевизијата без да даде детали.

Нема независна потврда што се случило, но граѓани наведуваат дека слушнале најмалку шест силни експлозии над Ријад и оти се гледа чад. Засега нема извештаи за жртви или штета, но видливи се шрапнели на улици во дипломатски кварт каде се сместени амбасади.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 11:16