Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема друг начин на делување освен ширењето лажни вести, измислици и невистини преку кои се обидува да ги манипулира граѓаните.
При јавно објавен Договор, опозициската ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да ја лаже јавноста и да ја потценува интелегенцијата на граѓаните.
Во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи подеднакво и за двете страни. Приоритет на едно не значи забрана за друго. Со тоа се обезбедува чисто и соодветно решение согласно меѓународните стандарди.
Договорот предвидува и формирање на Заеднички комитет кој ќе работи во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа, а неговото делување исто така ќе важи за двете страни подеднакво.
Во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ мора да престане со лажните вести и да се вклучи во процесот што обезбедува решение на 25 годишен спор, што го зајакнува и зачувува македонскиот идентитет, македонската посебност и македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина.