Најголемиот синдикат во Аргентина денеска предизвика масовен штрајк кој ја парализираше јужноамериканската држава.

Штрајкот се одржа во знак на протест против реформите што ги најави десничарскиот претседател Маурисио Макри. Работниците во Розарио го блокираа извозот на пратките жито и други земјоделски производи од Аргентина, додека штрајкот на вработените во банките и во берзата го блокираше финансискиот пазар. Штрајкот доаѓа во време кога Аргентина го почна реализирањето на новиот договор со Меѓународниот монетарен фонд, а валутата пезо почна да се стабилизира.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2018 23:10