Во своето гостување на телевизија Сонце, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека најголемата опозициска партија ги гарантира македонските национални интереси, и побара од граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема однапред да му ги соопшти на својот политички противник своите понатамошни чекори и со какви методи ќе се користи опозицијата, додаде тој.
-Да не заборавиме дека имаме работа со човек кој став не држи три дена. Во мај слушнавме изјава од премиерот во која вели дека нема да дозволи промена на Уставот потенцирајќи дека не сака на влезот на Владата да пишува Северна Македонија за веќе во јуни месец да не убедува дека тоа е во ред. На почеток на јуни ни рече дека е договорено Илинденска Македонија, за неполни два саати од Грција го демантираа. Да повторам, бидејќи договорот со Грција остава можност да не се оддржи референдум но доколку сепак има ќе одговорам во стилот на Претседателот Трамп кој во кампањата за претседателските избори на прашањето кој е неговиот план за односите на САД со Северна Кореја, Ирак, Иран, Сирија и Либија, дали ќе ги нападне, кога и како ќе дејствува одговори дека нема да биде како неговиот претходник Претседателот Обама кој што три месеци однапред им кажуваше на сите кој ден ќе ги нападне, со колку авиони и какво оружје ќе употреби и имаа време три месеци да се спремаат. Нити јас, нити раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера три месеци однапред на Заев да му кажуваме како ќе постапиме и какви методи ќе користиме, како би му дале време и шанса да не спречи во нашето дејствување. Но важно е граѓаните да знаат дека тоа што ќе го направиме ќе биде силно, толку силно што се надеваме дека ќе го спречи влегувањето во сила на договорот помеѓу Македонија и Грција, истакна Николоски.
Во повеќе наврати од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека ќе ги искористат сите демократски и правни механизми да не дозволат овој договор со Грција да стапи во сила.