Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето кај Јанко Илковски на ТВ Сонце истакна дека во оригиналната верзија на договорот напишана на англиски јазик, постои можност за неодржување на референдум за промена на уставното име на државата. Тој вели дека во оригиналниот договор на англиски се користи зборот ,,or’’, а не зборот ,,and’’, што во превод значи дека референдумот не е обврска која македонската страна мора да ја исполни.Според Николовски сите оние кои се разбираат во меѓународно право знаат дека има голема разлика помеѓу овие две зборчиња, а зборот ,,or’’ означува опционалност на референдумот. Со други зборови во договорот пишува дека стапува во сила кога се ратификува во Собранието или кога ќе се организира референдум, со тоа што после зборот референдум, повторно има запирка и пишува, доколку втората страна (Македонија) така одлучи!
Ваквата игра на зборови и дава можност на владата да нема референдум или пак да има и референдумот да биде консултативен, односно да нема потреба за цензус на таквиот референдум. Николоски забележа дека и доколку се спроведе задолжителен референдум, а не биде успешен, тоа нема да влијае на референдумот, бидејќи веќе е ратификуван во Собранието.
Николоски забележа дека Заев постојано ги менува своите ставови, и спомена повеќе примери.
-Ние имаме работа со човек чиј став не држи три дена, вели тој.
Тој ја спомена изјавата на Заев каде, актуелниот премиер вели дека нема да се согласи на промена на уставот, а по само еден месец го промени повторно својот став. Според Николоски не може да му се верува на зборот на Зоран Заев, дури и кога вели тој дека ќе има референдум.