Белата куќа ја повика Турција да ја зајакне демократијата, еден ден по убедливата победа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претседателските и парламентарните избори.
- Ја охрабруваме Турција да преземе мерки за зајакнување на демократијата, рече портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Нејзината изјава е првата реакција на САД по реизборот на Ердоган за претседател.
- Сакаме конструктивни односи со претседателот Ердоган да се соочиме со заедничките предизвици. Ги охрабруваме сите претставници избрани од народот на Турција, вклучувајќи го и претседателот Ердоган, да ги изразат различните ставови на сите турски граѓани и да ја зајакнат турската демократија, изјави портпаролката на Стејт департментот.