Две ракети истрелани од Израел, паднаа во близина на аеродромот на Дамаск, соопшти сириската државна телевизија без да даде детали.
Израелската армија одби да даде коментар за тој инцидент.
Според Сирискиот центар за човекови права - ракетите погодиле магацин за оружје на либанското шиитско движење Хезболах, клучен сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Се уште нема податоци за жртвите.
Движењето Хезболах е тесно поврзано со Иран, а Израел нагласи дека нема да толерира иранско воено присуство во соседна Сирија.