Косовскиот претседател Хашим Тачи се очекува да ја продолжи финалната фаза на дијалогот со Србија без да се постигне консензус меѓу политичките субјекти во земјата, бидејќи опозицијата, но и владејачката Иницијатива за косово („Нисма“) и натаму одбиваат да го прифатат за главен преговарач, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Иако пред два дена, во неделата, со средбата на Тачи и неговиот срспки колега Александар Вучиќ, во Брисел започна финалната фаза на дијалогот меѓу Косово и Србија, политичкиот спектар во Косово останува поделен и не успева да се дооговори околу завршаната етапа на тој процес, пишува денешен „Зери“.
Меѓутоа, и покрај тоа што противниците на Тачи децидно се изјаснија дека тој не може да ја претставува земјата во преговорите со Белгад без поддршка од Собранието, самиот косовски претседател во Брисел изрази оптимизам дека може да се очекува широк национален консензус за следните чекори во овој процес.