Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека мирот меѓу Белград и Приштина е неизбежен и дека целта на помирувањето е „постигнување дефинитивен договор кој ќе биде од корист за двете страни".

Во интервју за францускиот весник „Фигаро", тачи додава дека не постои „волшебна формула“ за решението.

- Не станува збор за изнаоѓање волшебна формула, туку промовирање прагматично решение што ќе им овозможи на Косово, и на Србија, да се доближи до европското семејство, рече Тачи.

Тие велат дека „ние не треба да бидеме повеќе заложници на минатото" и нагласува дека „на децата им должиме мир и просперитет".



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 11:49