Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, смета дека неодредување датум за преговори за Македонија и Албанија ќе биде политичка грешка.

Тој додаде дека се надева дека денеска министрите ќе изнајдат излез од овој ќорсокак и ќе дадат зелено светло за почеток на преговори со двете земји.

Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 11:54