Полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против малолетник од Кичево роден 2003 година поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“.

- Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од 31 мај до 12 јуни оваа година употребувајќи подесен предмет со кој ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници лоцирани во централното градско подрачје во Кичево.

По пребарување во внатрешноста, малолетникот одземал пари, патики, таблет и други поситни предмети, информира портпаролот на СВР - Охрид Стефан Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 12:30