Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за прв пат во јавноста детално го анализираше оргиналниот договор помеѓу Македонија и Грција кој министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас го потпишаа неодамна.

Тој истакна дека никој не верувал дека може да дојде до потпишување на ваков договор бидејќи истиот во целост е штетен за нашата земја и всушност е капитулација заверена од премиерот и министерот за надворешни работи.

- Согласно моите информации, преку 60 меѓународни експрти по меѓународно право и светски врвни адвокати биле ангажирани и платени од Грција да го изработат договорот а од наша страна бил ангажиран само еден таков експерт.И затоа имаме ваков капитулантски договор. Што и да ставеле Грците, Заев и Димитров ќе потпишеле, истакна Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 13:46