На обвинувањата кои кружат во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ е под манипулација и под контрола на меѓународната заедница, Александар Николоски во гостувањето на Телевизија Сонце на емисијата Јади бурек, истакна дека терминот меѓународна заедница во секојдневната политичка реторика од страна на власта е целосно злоупотребен.

- Тврдам дека меѓународната заедница не манипулира никого. Напротив Зоран Заев игра прљава игра и во однос на нив и тие тоа го знаат и се свесни за тоа. Кој оди на халдики знае дека Заев таму има вила и знаат кој му е комшија и се знае како ја договорал работата. Тој ставил потпис дека ќе го смени името но незнае како да го образложи тоа пред граѓаните. И тогаш на сцена стапува реториката за меѓународната заедница па вели дека тоа од него го бараат САД, Велика Британија, Брисел, Европска Унија, НАТО. Не, тоа го прави прво заради тоа што два пати доби амнестија и само судиите и обвинителите во предметот поткуп не го видоа тоа што сите ние го видовме и второ заради тоа што ветил дека ќе го смени името, но не ветил на овие земји туку јужно од нас на 250 километри разлика од тука каде што седиме, истакна Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Јади Бурек“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 15:22