Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при јавната анализа на договорот помеѓу Македонија и Грција се осврна членовите 7 и 8 од договорот со кои се бришат идентитетот, наследството и историјата на Република Македонија а во јавноста тоа се прикажува како триумфализам. Тој потенцираше дека согласно овие одредби Македонија е вештачка творба создадена од Тито.

- Во членот 7 договорот е предвидено дека страните се согласни да разбирањето на термините Македонија и Македонски се однесува на различен историски контекст и културно наследство односно Заев и Димитров се сложуваат дека овие термини имаат различна историја и различно наследство во Македонија и Грција. Но и тука постои замка. Кога се однесува на толкување од Грција, термините Македонија и Македонски не се исклучиво ограничени на областа и луѓето кои што живеат на северниот регион на првата страна, се мисли на Егејска Македонија, туку и на нивните атрибути како и на хеленската цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешниот ден.

Во споредба со ставот од истиот член кој што се однесува на Македонија овие термини означуваат територија,( јазик, луѓе, и нивните атрибути со нивна сопствена историја, култура и наследство значајно различни од оние кои што се однесуваат на другата страна (Грција). Во превод ова значи дека Грција има право на наследство од антиката до денес не се ограничува на целата територија туку на област (територија е еднакво на држава а област е повеќе од тоа и може да опфаќа повеќе држави) а ние сме нешто вештачко кое се создало на точно определена територија која се поклопува со државата, има сопствена историја која што е значајно различна од историјата која што се однесува од антиката до денес, односно малце покултурно напишано и во завиена форма - Тито ве создаде, потенцираше Николоски.

Според Николоски, грчката страна, односно Ципрас и Коѕијас завршиле голема работа во нивна полза.

- Ако го гледате договорот од грчка страна, тие за нив направиле одлична работа и треба да им се честита. Да не бев јас Македонец, да бев Италијанец ќе им честитав на Ципрас и Коѕијас каква работа завршиле за себе. Затоа и имале анагажирано 60 светски адвокати и експерти по меѓународно право, заклучи Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2018 15:22