Во гостувањето во емисијата “Јади Бурек” на ТВ Сонце, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на прашањето што предвидува договорот со Грција околу нашиот идентитет, истакна дека името, придавката, и терминологиите ќе се сменат во сите членови на уставот.
“Тоа значи дека секаде каде што има Република Македонија ќе има Репоублика Северна Македонија, секаде каде што има македонски ќе има северно македонски, а тоа е промена на идентитет, спротивно од тоа што го зборува Заев. Не вели само името, туку вели и придавката и останатите терминологии што секористат во целиот устав“ истакна Николоски.
Тој додаде и дека може се од очекува од власта бидејќи во договорот никаде не е прецизирано како ќе се менува преамбулата на Уставот.
“Понатаму, Втората страна ќе пристапи кон соодветна измена на нејзината преамбула, членот 3 и членот 49 во текот на процедурата за измени на уставот. Ова значи дека покрај промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија и секаде онаму во сите членови во уставот каде што пишува македонски во северно македонски ќе се смени преамбулата која ја дефинира државноста на Република Македонија и да е најтрагично, никаде во договорот не пишува како, што значи најверојатно има таен договор за тоа како ќе се смени преамбулата, договор кој што ќе е бонус изненадување кога ќе ја менуваат истата” додаде Николоски.