Советникот на косовскиот претседател Хашим Тачи, Беким Чолаку, тврди дека оптимален рок за постигнување на договорот Белград - Приштина е шест до осум месеци, објави „Коха диторе".
"Сите знаеме дека е временскиот рок или рамката за постигнување договор е поврзан со мандатот на институциите на ЕУ, бидејќи нови избори ќе се одржат следната година. Од практичен аспект, можеме да речеме дека оптималното време на располагање за постигнување на договор е - од шест месеци до осум месеци, изјави тој за весникот.
Чолаку изрази загриженост дека ако „ако тој замаец се загуби, работите ќе се усложнат и стануваат навистина тешки".
„Коха" објави дека Белград и Приштина имаат шест до осум месеци да постигнат сеопфатен и правно-обврзувачки договор во „финале на дијалогот“.