Христијан Мицкоски должи одговори пред граѓаните за тоа на кој начин ја изградил академската, професионална кариера.
Јавно достапните информации се основан сомнеж дека тоа можеби го направил преку непотизам, благодарение на неговиот татко Иван,етаблиран професор на Машинскиот факултет.
Што покажуваат фактите?
Мицкоски магистрирал и докторирал на факултетот каде што предава неговиот татко. Потоа Мицкоски станува и негов асистент. Да, од толку многу професори Мицкоски бил асистент токму кај неговиот родител.
Ова е распоредот на предавања на Машински факултет за летниот семестар во учебната 2015/2016 година. Јасно се гледа дека на трите предмети што ги предава професор Иван Мицкоски, асистент не бил никој друг туку неговиот син Христијан.
Дополнително, во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Христијан Мицкоски (објавена на веб страницата на МФ) како ко-автор е наведен токму неговиот татко, професорот Иван.
Секој политичар којшто ја бара довербата во граѓаните мора искрено и чесно да одговори на сите прашања, особено кога станува збор за прашања кои што го доведуваат во прашање неговиот кредибилитет.
Мицкоски треба да излезе во јавноста и да објасни како ја градел неговата академска кариера?
Како тоа, од толку многу професори, Христијан Мицкоски бил асистент токму кај неговиот татко?