СДСМ е вистинска непогода за македонското земјоделие. Мерката која ја промовираше Љупчо Николовски е задоцнета и не е доволна да ја покрие штетата која се нанесе на производителите на домати.
Раноградинарските култури имаат најниски откупни цени во историјата. Требаше повеќе од половина од родот од доматите да заврши на буниште за на Николовски да му текне да интервенира.
Им ветуваа на земјоделците сигурен пласман и повисоки откупни цени, но откако се на власт ниту има загарантиран пласман, ниту повисоки откупни цени. Земјоделците за време на СДСМ се борат за својата егзистенција.
Во оваа година откако е СДСМ на власт земјоделците се соочуваат со најниски откупни цени во историјата и премногу лош пласман на земјоделските производи. СДСМ со негрижата за земјоделието ги остави земјоделците наместо на пазар родот да го фрлаат на буниште.
Никаде го нема интервентниот фонд од 10 милиони евра кој толку многу го најавуваа, субвенциите ги намалија, а зелената нафта се уште ја нема исто како што нема ни отворено нови пазари.
Време е СДСМ да престанат да бидат салонска влада и да излезат на терен за да ги видат нивните катастрофални политики кои секојдневно им нанесуваат штета на земјоделците.
Владата на СДСМ веднаш да ги постави идните чекори за идните култури за да може земјоделците да имаат повисоки откупни цени, а земјоделските производи повеќе да не завршуваат на буниште. како досега.
СДСМ го доведе македонското земјоделие на работ на пропаст, а земјоделците едвај преживуваат. СДСМ не смее да манипулира со земјоделците. Македонките земјоделци заслужуваат сигурен пласман и достоинствени цени за нивните производи. Време е СДСМ да си замине, за Македонија да продолжи напред.