ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислици, лажни вести и невистини за Договорот. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да нанесува штети врз интересите на граѓаните и државата.
Не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ.
Не се брише ништо, ниту Крушевската Република, ниту АСНОМ. ВМРО-ДПМНЕ не знае што зборува, лаже. Напротив, со Договорот се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на државата.
Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот го потврдува и зајакнува македонскиот идентитет. Македонски јазик, македонска култура, Македонец, Македонка, македонско оро, се утврдени и загарантирани термини и никој повеќе нема да може да ги негира и оспорува како што се случуваше досега.
Ако при вака јавно објавен и достапен Договор, ВМРО-ДПМЕ безобразно лаже, логично се поставува прашањето дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или свесно и намерно се работи на деструкција со цел Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните процеси, надвор од ЕУ и НАТО?
Каков проблем има ВМРО-ДПМНЕ е прашањето што се поставува по вакви изнесени невистини.