Земјоделците паметат како ВМРО-ДПМНЕ со години ги малтретираше и манипулираше и како го потценуваше нивниот труд и затоа денес опозициската партија нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството.
Лажна и лицемерна е наводната грижа на ВМРО-ДПМНЕ за производителите на домати.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостпоанство преземаат конкретни мерки преку кои се стабилизира откупот на домати. Зголемени се субвенциите за предадени домати во преработувачки капацитети и тие изнесуваат 7 денари за килограм. За оваа интервентна мерка за зголемување на ниската откупна цена на доматот, што ќе трае до 15 јули планирани се два милиони денари. Очекувањата се дека во определениот период до 15 јули да се откупат околу 500 тони домати. На тој начин се враќа балансот помеѓу понудата и побарувачката, што ќе влијае и врз раст на цената на доматот.
Наспроти лажните обвинувања и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат унапредување на земјоделството, повеќе пари и достојни услови за живот на земјоделци со што покажува вистинска грижа за земјоделството.