СДСМ е исплашен од фактот дека граѓаните единствен заштитник на национални и државните интереси гледа во ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот Претседателот Христијан Мицкоски.

Затоа СДСМ со ниски и приземни обиди се обидува да фрли дамка врз неговата професионална богата кариера и биографија.

Обидот да се оцрнат ценети професори кои оставиле белег во академската средина, покажува колкав е очајот на СДСМ да се направи дефокус од капитулантскиот договор и согласноста за бришење на Република Македонија и на Македонците, нејзината историја, култура и традиција.

СДСМ повторно го потценува народот и неговата интелигенција. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води аболициран криминалец за криминали тешки милиони евра. Толкав е капацитетот на партијата која што ја води човек кој ја крие биографијата на сопствениот татко.

Зоран Заев треба да одговори пред македонската јавност дали неговиот татко, исто како и тој самиот, имал проблеми со институциите и законот и бил гонет за кражба на струја. Дали е точно дека Панче Заев, таткото на Зоран Заев, бил на суд за кражба за над 15 000 киловати електрична енергија? Зоран Заев е должен да одговори колку Вице Заев и останатите членови на криминалниот картел го имаат зголемено капиталот откако Зоран Заев е дојден на власт.

Валканите манипулации на СДСМ не минуваат кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат власт која што ќе работи за нив и ќе ги штити државните и национални интереси.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 01:10