Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на Министерството за одбрана кое се однесуваше на прес конференцијата на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција на Министерство за одбрана е доказ за недозволената политичка инструментализација на институциите.

Партиската реакција на Министерство за одбрана во никој случај не е доказ за законитоста на набавката.

Министерство за одбрана должи одговор на јавноста дали фирмата ДЕЛУКС – АУТО од Куманово е партиски спонзор на СДСМ.

Јавноста чека одговор колку пари до сега во сите претходни кампањи фирмата ДЕЛУКС – АУТО има донирано и колку пари има добиено од СДСМ откако Зоран Заев и криминалниот картел се на власт.

Доколку Министерство за одбрана одбијат да одговорат јавното обвинителство и другите органи на прогонот се должни да ги преиспитаат овие јавни набавки кои мирисаат на криминал и корупција.

Органите на прогонот мора да се ослободат од политичките притисоци на СДСМ. Доколку тоа не го сторат сега, откако ќе се врати правната држава, сите овие постапки ќе бидат предмет на ревизија.

За ова мора да се одговара.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 01:10