Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е гостин во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, тој говореше и за денешниот допис на претседателот Ѓорге Иванов, кој кажа дека нема да ја потпише ратификацијата на договорот со Грција.

Мицкоски кажа дека станува за допис кој се темели на правна аргументација и факти, што секој правник може да го забележи, според него.

-Апсолутно стоиме зад целата постапка и ја поддржуваме, бидејќи сите избрани функционери впрочем заклетва даваат пред Уставот и законите, дека истите ќе ги почитуваат и заштитуваат. За жал гледаме дека имаме плејада на функционери како премиерот и останатите негови соработници. Во изминатиот период како не еден многу перфиден или еден многу дрзок начин истите тие или ги заобиколуваат или грубо ги кршат, не само законите туку и Уставот, изјави Мицкоски.

Тој кажа дека Иванов како одговорна личност е повикан да застане на патот на тоа, дека ова е исправна постапка и дека ВМРО-ДПМНЕ како и многу пати во минатото што кажале го поддржуваат претседателот.

-Апсолутно ја поддржуваме и повикуваме да опстои на оваа политика, бидејќи станува збор за капитулантско дело кое што е својствено само за Зоран Заев и неговите соработници, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека нема да го поддржи импичмент за Ѓорге Иванов, бидејќи нема никаква, ниту правна, ниту било каква логика.

Мицкоски напомена и дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува кривична пријава за сите потписници на овој чин, според неговото зборови ова капитуланство дело.

-Во неделата што изминува, ВМРО-ДПМНЕ до соодветните органи ќе достави една таква кривична пријава за сите оние сторители на ова кривично дело, изјави Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 01:15