Не само што ги распродадоа државните и национални интереси, не само што го потпишаа и се обидоа да го ратификуваат на ова капитулантско дело, сега гледаме дека бенефитот од истото не е никаков. Цело време на шибицерски начин се обидуваат да ги манипулира чувствата на граѓаните и нивната свест, објаснува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ставовите на Заев и Димитров во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски истакна дека СДСМ ќе се обидат да создадат димна завеса, ќе се обидат невозможното да го претстават како возможно, ќе се обидат да продаваат дека сега мед и млеко ќе почне да тече од државата. Ќе се обидат да ни кажат дека Зоран Заев не е веќе Зоран Заев дека е друг.
Мицкоски за правецот во кој оваа власт ја води државата објаснува дека, Заев и Димитров не знаат каде тераат, не знаат да ги решаваат реалните проблеми на граѓаните, немаат ниту план, ниту визија за во иднина и ова што се случи е уште еден дебакл на нашата дипломатија.
-Најмалку што треба да се случи во овој момент е министерот на надворешни работи да си поднесе неотповиклива оставка, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски како дополнителен факт за оставка на Димитров го наведе и фактот дека тој на саркастичен начин ги навреди граѓаните во Република Македонија, во услови кога доматопроизводителите се соочуваат со катаклизма во откупот на нивните производи.
-Димитров овие производи ги нуди по светот со една метафора дека, секој оној кој што ќе застане зад Република Македонија дека ќе им прател по една гајба домати, дополнува Мицкоски.