Го поздравуваме и поддржуваме мирниот протест на граѓаните против ова капитулантско дело, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе делува институционално, демократски. Не ја исклучуваме можност за организирање на масовни собири, протести и настани во периодот што следува. ВМРО-ДПМНЕ ги поздравува и поддржува сите мирни протести кои се во насока да го критикуваат ова капитулантско дело кое го потпишаа Никола Димитров и Зоран Заев. Секако, нормално, нема да поддржиме протести кои кулминирале со вакви сценарија, со радикални елементи, инфилтрирање и насилство, нагласи Мицкоски.