– Франција, Холандија и Данска не дадоа согласност да има одлука за почеток на преговори на Македонија оваа година. Сметаат дека земјава ги нема исполнето основните предуслови од извештајот на Прибе и планот 3-6-9, особено во однос на владеењето на правото, судството, администрацијата и корупцијата, пишува пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Антони Милошоски на Фејсбук.

– Ова е голем дипломатски дебакл на Заев и Димитров. Пораката од Луксембург до Заев и Димитров е дека нивната спремност да си го сменат националното име и Уставот на сопствената држава не е доволно за да ја покријат погрешната политика на владата на СДСМ во клучните сектори за државата. Заклучокот кој е постигнат е условен и необрврзувачки, и истиот гласи: “EU negotiations with FYROM/North Macedonia & Albania can start in 2019, depending on progress made by the countries”. П. С. Патлиџан дипломатија = пинџур резултати!



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 02:20