Американската компанија „Убер“ доби дозвола да продолжи со работа во Лондон. Тоа е одлука на судот во која се вели дека во наредните месеци ќе се следи работата на оваа фирма за локален превоз, која таксистите ја сметаат за нелојална конкуренција.

Лондонскиот суд одлучи да ја продолжи дозволата на „Убер“ за 15 месеци, по два дена разгледување на жалбата на Лондонската сообраќајна агенција, која побара откажување на лиценцата.

Директорот на „Убер“ во Лондон, Том Елвиџ ја поздрави судската одлука и вети дека ќе ја продолжи соработката со лондонската управа за сообраќај со цел да ја врати довербата и да се смири загриженоста, на начин што ќе пружат уште подобра услуга на клиентите.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, исто така, ја поздрави одлуката на судот, но додаде дека ќе ја следи работата на „Убер“.

„Убер“ претрпе голем број неуспеси во Велика Британија во текот на последните неколку месеци, со губење лиценца во Јорк и Брајтон, каде што беше обвинет за небрежност.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 12:22