Европратеникот Едвард Кукан го поздрави заклучокот на вчерашниот Совет на ЕУ да го отвори патот кон пристапни преговори за Македонија и Албанија.
- Заслужуваат јасна порака за почеток на преговори. Една година им беше дадена на земјите да стигнат до преговарачката маса, што ги рефлектира внатрешните дискусии за процесот на проширување во Советот. Потполно ги поддржувам Албанија и Македонија во овој процес и имам доверба во нивната заложба кон реформската агенда, напиша Кукан.