Американската амбасада во Тирана и честиташе на Албанија за одлуката на Советот на Европската унија за започнување преговори на Албанија во јуни 2019 година.
При тоа се оценува дека тоа е потврда за успешниот тек на реформите и искажува поддршка за продолжување на борбата против криминалот.
-И честитаме на Албанија за позитивната одлука во врска со отворањето на преговори за членство во ЕУ. Албанија постигна значителен напредок и сега треба да ги зголеми напорите за завршување на клучните реформи. Ја охрабруваме Албанија да ја забрза динамиката на правната реформа, борбата против корупцијата и организираниот криминал, стои во реакцијата на американската амбасада.
Во изјава за медиумите, евроамбасадорката Ромина Влахутин вели дека вчера „Албанија добила три позитивни нешта“ и оти ЕУ и Албанија сега ги чека голема работа.
- Албанија доби три позитивни работи, признавање на препораката за целата работа, второ календарот, еден јасен датум и третиот, Советот прифати Комисијата да започне подготвителна работа со Албанија. Тоа е една голема подготвителна работа што ќе ја спроведат ЕУ и Албанија. Ова е календарот и ќе слушнете повеќе за тоа од идниот амбасадор. Не грижете се, кога ќе имаме детали ќе ги споделиме со вас. Среќни сме што ни се дава можност да се движиме побрзо,- изјави Влахутин.