Македонските компании се информирани за европската регулатива за заштита на личните податоци, но не се доволно запознаени како треба да постапат и кои активности да ги преземат за да ја имплементираат оваа регулатива.

Регулативата не е обврзувачка за Македонија, но од Сојузот на стопански комори велат дека таа претставува предизвик за македонските компании, особено за оние кои работат со лични податоци на граѓани од ЕУ.

- Јавните власти и деловните субјекти чии основни активности се насочени кон редовна или систематска обработка на личните податоци, се должни да вработуваат службеник за заштита на подaтоци, кој е одговорен за управување со усогласеноста со GDPR. Деловните субјекти мора да пријават какви било прекршувања на податоците во рок од 72 часа ако имаат негативен ефект врз приватноста на корисникот, појасни Михајло Евросимовски, член на Управниот одбор на ССК на денешната прес-конференција.

Казните кои ги има предвидено Европската унија се високи и може да имаат големо влијание врз работењето на компаниите. Така, неизвестувањето за прекршување во предвидениот рок може да резултива со парична казна до 10 милиони евра или два процента од годишниот промет, додека за непочитување на регулативата следат казни и до 20 милиони евра.

Според ССК, новиот закон за заштита на личните податоци е во 90 проценти усогласен со оваа европска регулатива.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 14:07