Косовската Агенција за статистики (АСК) ги објави денеска податоците од правосудните органи за малолетните лица кои дошле во судир со законот во текот на 2017 година, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Според резултатите објавени во денешната публикација на АСК, во текот на минатата година, за разни дела, од страна на основните судови во Косово биле покренати обвиненија за 1.152 малолетници, од кои на 766, односно 66,5 отсто, им се изречени казни.

Најголем број од оние на кои им е судено биле во приштинскиот Основен суд – 453, или 39,3 отсто од обвинетите малолетници во целата држава.

Судот во Приштина изрекол и најголем број казни за оваа категорија: од овој суд се осудени 364, односно 47,5 отсто од вкупниот број на осудени во Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 14:43