На територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување (18,1 процент), 122 доградби, надградби и адаптации (16 проценти), 78 деловни објекти (10,2 проценти). Нелегално биле изградени и 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила (1,3 проценти), 15 тераси, 24 летни тераси, 65 настрешници, 34 времени објекти и 95 помошни објекти.
Најголем број бесправно изградени објекти (99,5 проценти) се во приватна сопственост.
По локации, во скопските општини имало нови 157 дивоградби, каде предничи Карпош со 39, по која следат Бутел со 37, Центар со 23, Аеродром 13, Гази Баба 12... Во останатите општини, во Охрид има 68 нелегално изградени објекти, во Струмица 53, Куманово има 44 нови дивоградби, Велес 36 дивоградби, во Битола 21.
Во 2016 година надлежните институции регистрираа 1.037 бесправно изградени објекти, од кои 203 за домување, 174 доградби, надградби и адаптации, 168 огради, 111 деловни објекти,..