Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон денеска во Москва разговараа за ситуацијата во Украина, Сирија и билатералните односи, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Болтон претходно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, кој изрази надеж дека посетата на советникот за национална безбедност на американскиот претседател на Москва ќе биде чекор кон обновување на односите меѓу Русија и САД.

- Вашата посета на Москва ни дава надеж дека ќе бидеме во можност да го направиме барем првиот чекор кон целосно обновување на односите меѓу двете земји, рече Путин на средбата во Кремљ.

Тој истакна дека билатералните односи меѓу Русија и САД во моментов не се најдобри и додаде дека Москва никогаш не посакувала конфронтација.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 17:18