Врховниот суд на Шпанија денеска ја отфрли жалбата на 15 каталонски сепаратистички политичари, оценувајќи дека обвинувањата подигнати против нив за бунт, поттикнување на бунт и злоупотреба на јавните фондови, имаат доволно основа.

Во судската одлука се наведува дека обвиненијата се „доволно разумни“ бидејќи обвинетите политичари се виновни за злоупотреба на ингетренциите за отцепување на дел од Шпанија.

Регионалната Влада на Каталонија минатата година организира референдум за отцепување, а потоа еднострано прогласи независност.

Меѓу политичарите против кои шпанската Влада подигна обвиненија е и поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон, кој побегна од земјата и избегна апсење, а сега е во Германија и се бори против екстрадиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 18:04