Македонија и Албанија не го минаа филтерот за почнување преговори со ЕУ. И тоа беше за очекување. Наместо полна уста со ЌЕ, власта требаше да има полни раце работа.

Забелешките беа очекувани, особено по нонпејперот од државите основачки на Унијата, кои, како што и сега е наведено, со право замерија дека Македонија не сторила ништо по забелешките од Рајнхард Прибе за судството, за администрацијата, за корупцијата чиј што врв се повеќе се поврзува со Илинденска број 2.

Но, актуелната европска НЕ-одлука за оваа ЌЕ влада повторна навраќа на едно суштинско прашање.

Во првата половина на април, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски јавно од телевизиско интервју директно го праша вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи дали тој намерно ги кочи европските реформи?

-Поминува една недела откако јавно го прашав потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, според кој намерно треба да се кочат реформите во Македонија и да не се спроведува целосно планот 3-6-9 со цел катастрофално ниското ниво на реформи во Албанија да не изгледа така катастрофа- напиша потоа во своја колумна Николовски.

Проширувањата на ЕУ одат во групи. Една група Србија и Црна Гора, втора Албанија, Косово и БиХ. Македонија е на средина имајќи ги предвид реализирани реформи пред Албанија. Но, Тирана за да „избега“од групата со Косово и БиХ, а од друга страна да не ги реализираат потребните реформи, наоѓа партнер во ДУИ.Во тој контекст, Николовски обвини за договор на Османи со Бушати. Бушати, според информациите на Николовски, побарал Османи да забави и да не ги испорача суштински реформи во клучните области, во делот на поглавјата 23 и 24, а тоа е владеењето на правото и борбата против корупцијата. Оттука, Николовски посочува и на смената на министерот за правда, кадар на ДУИ, токму заради неисполнување на реформите.

Османи долго потоа овие обвинувања ги нарече „произлезени од посебен оддел за научна фантастика“. Сега, пак, Османи, кој сега заедно со Заев и Димитров се обидува да го претстави за успех тоа што Македонија со Албанија се впишани во агенда за разгледување за дури една година, има сериозен проблем да објасни- дали навистина шуруваше со Бушати, Македонија да не напредува со реформите?

Покрај ова во емисијата 360 степени на Алсат - М Телевизија, потпретседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дискутираа за впечатоците од Софискиот самит, проблемот со Грција околу името на Република Македонија.

На прашањето за перспективите за добивање на покана за членство во НАТО како и за добивање на датум за преговори за членство во Европската Унија, како резултат на решен спор со Грција во однос на именувањето на Македонија, Николоски истакна дека дури и да се дојде до решение, датумот за преговори со Европската Унија „виси“.

- Проблемот со добивање на датумот за преговори за членство во Европската Унија има две линии. Македонската јавност треба да знае дека ние како држава дури и да решиме спорот за името немаме никаква гаранција дека ќе почнеме преговори со ЕУ, што е ситуација комплетно различна за разлика од тоа што беше пред неколку години. Дека нема да ги почнеме преговорите во јуни, односно дека во јуни нема да добиеме датум за почеток на преговори им е јасно на сите. Дури и да објават наредна недела Заев и Ципрас дека на маса има конечен договор за решение на спорот со името ние во јуни нема да добиеме датум за почеток на преговори, што е целосен пораз на овој процес, истакна Николоски.

Тој појасни како се одвива процесот од добивање на датум за преговори до започнување на преговорите.

- Во јуни месец ќе се одложи одлуката за во декември или за наредната година. Во услови кога ние би имале решен спор за името, со очигледен договор да се промени Уставот заради тоа што сите сигнали укажуваат на тоа нема да добиеме ни формална одлука кога би бил датумот. Добро е јавноста да знае дека по одлуката за датум за преговори, незначи дека утредента започнува процесот на преговори. Може во јуни да се донесе одлука дека ќе се почнат преговори дури за една година. Овој јуни нема да има ниту таква одлука туку целото одлучување ќе се одложи за во декември или за наредната година, додаде Николоски

Покрај ова, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна датумот за преговори за членство во Европската Унија не е само решението за спорот за името, туку потребни и се реформи на домашна сцена.

- Оваа Влада, е Влада на едно прашање. Од формирањето на Влада до денес помина една година. Премиерот не работи ништо друго освен што создава позитивна атмосфера и преговара со Грција. 2017-та година беше прва година каде што видовме дека нема раст на Бруто домашниот производ а во 2018-та година сме доведени во ситуација да неможат буџетот да го реализираат. Во првите три месеци од 2018-та реализацијата на капитални инвестиции е само 4%, што несомнено е поразителен факт. Покрај ова во Македонија нема никакви реформи. Додека сегашната власт беше опозиција со дрва и камења фрлаше по судскиот систем, за да денес видиме дека судството им одговара бидејќи очигледно е дека во процесите во кои е вклучен сегашниот премиер ќе следат ослободителни пресуди. Критиките од нивна страна беа упатени и кон медиумите, за да денес, иако тие телевизии не променија уредувачка политика и се провладино наклонети, за власта нема проблеми во оваа сфера. И тоа нашите пријатели од Брисел го гледаат, гледаат дека во Македонија нема никакви реформи и затоа не се согласни да почнат со нас преговори - заклучи Николоски.

Тој потенцираше и дека Македонија не ја искористи шансата преку реални реформи да го предводи Балканот кон членството во ЕУ и дека денес сме сведени на тоа да Македонија на патот кон Европската Унија зависи од расположението и реформите на другите соседни земји, бидејќи поради лошото практицирање на власта од страна на СДСМ ние сме во исти пакет со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2018 18:34