Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Северна Кореја се уште не вратила посмртни останки на американски војници кои загинале во текот на Корејската војна.
Пјонгјанг тоа не го направил, иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Северна Кореја веќе вратила некои жртви или е во процес да го стори тоа, јавуваат американски медиуми.
Помпео изјави дека е оптимист и дека во САД ќе бидат вратени посмртните останки во „не толку далечна иднина".
САД соопштија дека 100 дрвени сандаци се подготвени на границата меѓу Јужна и Северна Кореја.
Околу 7.700 американски војници се водат како исчезнати во Корејската војна, од кои 5.300 во Северна Кореја.